Новата шестоседна жичница на Попова Шапка и викендов не е во функција

Новата шестоседна жичница не работи овие три изминати денови колку што официјално трае скијачката сезона на Попова Шапка.  Од четвртокот беше овозможено скијачите да ги користат  жичарниците „Св. Илија” и „Церипашина” и ски – лифтовите „Аеродром” и „Ге”, откако претходно се работеше на подготовка на терените.

Од граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка” сметаат дека е недозволиво толку скапа инвестиција платена со пари од буџетот да не се користи од самите граѓаните.

– Новата жичница чинеше 10 милиони евра. Таа е платена со нашите пари и даноци. Истата денес не е во функција. Минатата сезона ВД премиерот Оливер Спасовски заедно со целата група од ДУИ дојдоа тука да го пуштат во употреба ама истиот денес е затворен. Не се употребува. Ние плаќаме дневни карти и не можеме да ги користиме овие услови и ресурси, изјави Хамди Сулејмани од граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка” .

Сулејмани смета дека несоодветно се менаџира издавањето на дневните ски-карти со оглед на метежот пред билетарниците.

Од подружницата Попова Шапка при Друштво за туризам ЕЛЕМ Турс објаснуваат дека од повеќе фактори зависи дали ќе може да се користи оваа скијачка инфраструктура.

-Засега шестоседната жичница не работи од повеќе причини, меѓу кои и пандемијата. За понатаму се разгледуваат можностите, изјави Живе Алексовски, директор на подружница Попова Шапка.

Шестоседната жичница официјално беше пуштена во употреба во февруари 2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот