фото: ffm.mk

Новата сезона во Првата фудбалска лига започнува на 8 август

Управниот одбор го усвои календарот за Првата и Втората македонска фудбалска лига, како и за сениорското Куп натпреварување во новата сезона 2025/26.

Натпреварите од Првата лига ќе бидат распоредени во текот на три дена од викендите (петок, сабота и недела).

Втората лига ќе се игра во сабота, а Куп натпреварувањата во текот на работната недела (вторник, среда или четврток).

Есенскиот дел од Прва МФЛ започнува во викендот 08.08., 09.08. и 10.08.2025 година. Есенскиот дел од Втора МФЛ започнува на 23.08.2025.

На следниот линк ТУКА може да се преземе комплетниот календар за новата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот