Нова ера во Формула 1: По 43 години семејството Вилијамс го напушта тимот
Во раководните структури на Вилијамс рејсинг повеќе нема да има членови на семејството Вилијамс кои пред 43 години го формираа тимот.
Сер Френк Вилијамс во 1977 година го основа Вилијамс рејсинг кој пред еден месец нови сопственици во инвестицискиот фонд Дорилтон капитал.
По заминувањето на сер Френк во пензија, претседателската функција во тимот на Вилијамс ја презеде неговата ќерка Клер, но големите финансиски проблеми го натераа семејството да го продаде тимот.
NEWS: Williams Racing opens new chapter as family step aside.#WeAreWilliams ?
— Williams Racing (@WilliamsRacing) September 3, 2020
Последната трка на која дел од семејството Вилијамс ќе биде на челната позиција, ќе биде наредната трка во Ф1 шампионатот, трката за Големата награда на Италија во Монца.
– Бидејќи иднината на тимот сега е обезбедена, дојде време да се повлечеме. Во нашето семејство, тимот отсекогаш бил приоритет, но сега е вистинско време да ги напуштиме челните позиции и да им овозможиме да новите сопственици да го водат тимот во иднина. Ние сме дел од овој спорт повеќе од четири децении и неверојатно сме горди на досегашните резултати но и тоа што го оставаме зад себе – изјави Клер Вилијамс.
Ф1 тимот на Вилијамс има девет титули во конкуренција на конструктори, а нивните возачи седум пати ја освојувале титулата, сепак во последните две сезони тимот беше последен во генералниот пласман.