Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Земјотрес / Фото: Илустрација

Граничната област меѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина денеска повторно беше погодена од умерен земјотрес, со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил недалеку од Никшиќ, каде синоќа беше регистриран и земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала.

„Земјотресот во 12 часот и 40 минути беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, се наоѓаше на длабочина од 15 километри, а по него следеше уште еден послаб, со јачина од 2,8 степени“, соопшти Црногорскиот сеизмолошки завод, додавајќи дека земјотресот може да предизвика помала материјална штета.

Оваа област кон средината на март ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, по што следеа триесетина помали. Тогаш беше евидентирана и помала материјална штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот