Нов земјотрес го погоди Загреб

Фото: МИА

Загреб утринава во 4 и 15 минути го погоди уште еден послаб земјотрес со магнитуда 2,4 степени по Рихтер, а епицентарот бил недалеку од Маркушевац, соопштила хрватската сеизмолошка служба.

Уште еден слаб земјотрес со 1,4 степени го погоди хрватскиот главен град ноќеска околу 19.40 часот.

По двата силни земјотреси со сила од 5,5 и 4,8 степени по Рихтер, кои во раните утрински часови на 22 март го погодија Загреб, градот имаше уште околу 1.000 слаби потреси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот