Нов украински напад врз Белгород

Белгород немири / Фото Anton Vergun / Sputnik / Profimedia

Пет лица се повредени утрово во украинското гранатирање на Белгород, соопшти гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков.

Тој додаде дека во нападот оштетени повеќе од 30 станови во шест висококатници и 10 автомобили, а околу 5.000 жители останале без напојување со електрична енергија.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека десет украински ракети РМ-70 Вампир се соборени над регионот Белгород. Непосредно пред тоа била прогласена ракетна закана во Белгород и Белгородската област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот