Нов шумски пожар избувна на територијата на Општина Илинден

 – Околу 16 часот избувна нов пожар кај селата Бучници и Ајватовци, на територијата на Општина Илинден во борова шума и се шири со голема брзина. Ангажиран е еден Ер трактор за гасење на пожарот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Денеска околу 16:00 часот избувна шумски пожар кај село Бучинци и Ајватовци – општина Илинден во борова шума. Се шири со голема брзина. Покрај пожарникарите од скопската Бригада за противпожарна заштита ангажиран е и еден Ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), велат од ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот