Нов напад на китови-убијци во Шпанија, уништиле едрилица

Фото: Flickr / GRID-Arendal

Китови-убијци повторно нападнале пловило во Шпанија и сериозно ја оштетиле едрилицата во близина на јужниот шпански брег, соопшти локалната спасувачка служба. Ова е последниот во низата напади овие китови врз бродови и чамци долж шпанскиот и португалскиот брег годинава.

Рано утро, јато китови-убијци го пробиле трупот на едрилицата која пловела кон Гибралтар. Четиричлениот екипаж ги повикал властите напомош, изјави портпаролот на спасувачката служба.

Спасувачите со брод и хеликоптер му помогнале на екипажот на 20-метарското пловило „Мустик“, кое пловело под британско знаме. Потоа, едрилицата била закотвена во пристаништето Барбате во провинцијата Кадиз, каде ќе биде поправена.

Според истражувачката група GTOA, која ги следи популациите на ибериските китови-убијци, инцидентот доаѓа по најмалку 20 интеракции само во Гибралтарскиот теснец помеѓу малите бродови и овие морски предатори. Во целата 2022 година, пријавени се 207 интеракции, покажуваат податоците на GTOA.

Пред неколку дена, брачна двојка, исто така на едрилица, објави снимка од едночасовниот напад на китовите-убијци врз нивното пловило, кое за среќа ги издржало бројните удари на големите животни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот