Нов масакр во САД: Напаѓач со пушка уби шестмина, се возел во кола и пукал во минувачи

полиција САД/ Фото: МИА

Шестмина луѓе се убиени во најновиот инцидент со масовно пукање во Америка – крвопролевањето овој пат се случило во рурално подрачје во сојузната американска држава Мисисипи.

Властите во округот Тејт уапсиле човек поврзан со убиствата, откако тој бил виден од сведоци како вози автомобил на пат и пука во минувачите, јавуваат локалните медиуми.

Меѓу досега идентификуваните жртви се маж кој бил застрелан во продавница и жена, која е пронајдена мртва во својот дом, додека нејзиниот сопруг е тешко ранет и се бори за живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот