Норвешкиот крал Харалд хоспитализиран

Фото МИА

Норвешкиот крал Харалд Петти е хоспитализиран поради инфекција, соопшти прес-службата на палатата.

„Неговото височество е во болница и е примен на Националната клиника. На кралот му е дијагностицирана инфекција која треба да се лекува и затоа ќе остане во болница неколку дена. Неговата состојба е стабилна“, се вели во соопштението.

Се очекуваше кралот да учествува на денешните прослави на Денот на ослободувањето на Норвешка од германската окупација и на Националниот ден на ветераните, кој се слави на 8 мај, но поради болест ќе ја пропушти свечената церемонија која традиционално се одржува во средновековната тврдина Акершус во Осло. На настаните ќе учествува престолонаследникот принц Хакон.

Кралот Харалд Петти има 86 години. Во 2022 година исто така беше хоспитализиран поради инфекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот