Норвешкиот енергетски гигант со рекорден профит

еквинор
Еквинор / Фото EPA-EFE/VIDAR RUUD

Норвешкиот производител на нафта и гас Еквинор во петокот објави дека неговиот профит во третиот квартал достигна ново рекордно високо ниво благодарение на високите цени на бензинот во Европа, истовремено намалувајќи ја својата проценка за раст на производството оваа година.

Во периодот јули-септември, прилагодената добивка на Еквинор пред оданочување се искачи на ново рекордно високо ниво од 24,3 милијарди долари. Претходниот рекорд беше забележан во првиот квартал и изнесуваше 18 милијарди долари, пренесе Пословни хр.

„Руската војна во Украина ги промени енергетските пазари, намалувајќи ја достапноста на енергијата и зголемувајќи ги цените“, се вели во соопштението на извршниот директор Андерс Опедал. Еквинор е во мнозинска сопственост на норвешката влада и оваа година стана најголемиот европски снабдувач на природен гас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот