Нормализирано е влегувањето преку преминот Евзони

Граничен премин „Евзони“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од синоќа од 23 часот нормализирано е влегувањето во Грција преку преминот Евзони, кој од 18 часот беше блокиран од грчките земјоделци, а тамошните погранични служби пропуштаа патнички и товарни возила на секој половина час по десет минути.

Веста дека е нормализиран влезот кај јужниот сосед преку преминот Богородица-Евзони за МИА ја потврди началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев.

И на другите граничните премини со Грција, Дојран-Дојрани и Меџитлија-Ники, протокот на патници и стока се одвива нормално.

Инаку, преминот Ники за влез во Грција вчера беше блокиран од грчките земјоделци од 16 до 19 часот, кои, според информации оттаму, штрајкот и блокадите ги ставиле во мирување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот