Илсутрација / Фото: Karen Struthers / Alamy / Profimedia

Нивниот брак траел помалку од еден час: Невеста останала во шок откако младоженецот мистериозно исчезнал по венчавката

Една Австралијанка го сподели своето срцепарателно искуство на нејзината свадба. Имено, Кајли, невеста од Мелбурн, се јавила во радио емисијата „Лејт Драјв“ и се присетила на моментот кога нејзиниот партнер ја напуштил кратко откако се венчале. Нивниот брак траел помалку од еден час, а подоцна дознала зошто тој си заминал, пишува „Њујорк пост“.

„Имав многу краток брак. Не траеше ни 24 часа. Се венчавме и имавме прекрасна свадба. А потоа тој исчезна пред приемот“, рекла Кајли.

Објаснила дека биле заедно шест години и дека сметала дека имаат среќна иднина.

Церемонијата, рекла таа, била совршена, како и фотографиите, а гостите биле во одлично расположение. Сепак, кратко откако ги размениле заветите, нејзиниот нов сопруг исчезнал.

„Се случи церемонијата, се фотографиравме – тој беше прекрасен за време на фотосесијата, тој беше љубовта на мојот живот. А, потоа едноставно исчезна. Не слушнав ништо од него со месеци“, рекла таа.

Иако младоженецот ја напуштил свадбата, приемот продолжил, а гостите не биле свесни што се случува. Кајли се обидела да ја одржи атмосферата оптимистичка.

„Сите останаа да се забавуваат цела ноќ – но јас се вратив сама во мојата соба“, раскажала таа.

Потоа ја открила причината зошто нејзиниот сопруг исчезнал од свадбата.

„Тој не сакал да биде со мене. Цело време се гледал со некој друг, но се ожени со мене“, рекла таа.

Кајли имала тежок период во деновите по свадбата, особено затоа што роднините ја барале и ја прашувале како им поминал медениот месец или им честитале за свадбата.

„Беше навистина тешко, особено разговорот со членовите на семејството. Но, сега се смееме на тоа“, раскажала Кајли.

Малку подоцна, Кајли открила и која била жената со која нејзиниот сопруг се гледал. Тоа била нејзината братучетка.

„Сега е со мојата братучетка – ме изневери со неа. Не го гледам ниту него ниту неа. Тоа би било навистина непријатно“, рекла таа.

И покрај целата ситуација, Кајли останала позитивна и наоѓала хумор во сè. Таа исто така нагласила дека никогаш повеќе нема да се омажи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот