фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Ништо од трансфер во Лос Анџелес, Томас Милер ќе игра во Канада

Томас Милер (35), ги напушти редовите на германскиот шампион Баерн ова лето и следната сезона ќе го промени клубот за прв пат во својата кариера.

Беше познато дека Германецот ќе ги помине последните години од својата играчка кариера во американската МЛС лига, Лос Анџелес, кој е во партнерство со Баерн, беше голем фаворит за неговиот потпис, но се случи пресврт.

Имено, Милер одлучи да оди во Канада и Ванкувер, тоа го потврди и новинарот Фабрицио Романо на социјалните мрежи.

На Милер наводно многу му се допаѓа проектот на Ванкувер вајткепс со кој ќе потпиша договор на две години.

Милер е легенда на Баерн Минхен, го имаше своето деби за првиот тим во 2008 година и оттогаш запиша 756 настапи, постигнувајќи 250 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот