Бобан Николов, македонскиот А репрезентативец и член на молдавскиот Шериф Тираспол/фото: ФФМ

Николов: Се радувам на можноста да се видам и да играм против мои поранешни соиграчи

Фудбалерот на Лече, Бобан Николов, ќе биде еден од адутите на селекторот Ангеловски на утрешниот натпревар против Романија во Букурешт на стартот од квалификациите за пласман на СП 2022. Гостувањето во Романија за Николов е враќање во добро позната средина бидејќи беше дел од академијата на легендарниот Георге Хаџи и се радува на утрешниот натпревар бидејќи ќе игра против добри пријатели и поранешни соиграчи.
– Се радувам на можноста да се видам и да настапувам против мои поранешни соиграчи кои ги знам долго време ако се знае дека од 12-13 години пристигнав во Романија. Но, и покрај тоа што сме одлични пријатели утре на терен ќе бидеме вистински противници, и нека победи подобриот. Може да кажам дека сум среќен што Букурешт ќе биде и наш домаќин на Европското првенство, имам многу пријатели тука кои знам дека ќе бидат наша вистинска поддршка. Романија ја носи фаворитската улога, но ние имаме свои цели, сакаме позитивен исход, па мислам дека и бод утре не би било лошо за нас – изјави Николов на прес-конференцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот