Никол Кидман и Кит Урбан - Фото: Профимедиа

Говорот на телото откри сѐ: Последното појавување на Никол Кидман и Кит Урбан го наговести крајот на 19-годишниот брак

Експерти за говор на телото открија неколку големи „црвени знамиња“ што навестиле дека Никол Кидман и Кит Урбан се на пат кон разделба. Разводот на оскаровката и музичарот беше потврден во понеделник од „Дејли Мејл“, со што заврши нивниот речиси дваесетгодишен брак.

Никол (58) и Кит (57) последен пат беа видени заедно во јуни на натпреварот од ФИФА Светското клупско првенство меѓу Лос Анџелес ФК и Есперанс Спортив де Тунис. Иако познати по своите јавни изливи на нежност, овој пат изгледаа ладно и дистанцирано, следејќи го натпреварот од трибините.

Експертот за говор на телото Луиз Махлер за „Дејли Мејл“ изјави дека токму тогаш било јасно дека има тензии меѓу нив:

„Во еден момент, Никол си ја допира левата рака – тоа е знак на напнатост, но не можеме точно да знаеме на што се однесува,“ рече таа.

Дополнително, таа посочи дека Кит воопшто не ја гледал својата сопруга за време на натпреварот:

„Тој постојано гледа настрана, додека Никол гледа кон него. “

Сигнали на растојание и недостаток на емоција

Експертот за однесување Скот Тејлор истакна дека ова појавување е значително различно од претходните. Тој додаде дека недостигало искрена емоција и контакт со очите:

„И нивните бради беа наведнати пониско од вообичаено – тоа е знак на неудобност, нешто што претходно не сме го гледале кај нив.“

Скот забележал и дека Кит често ги лижел усните:

„Тоа е реакција на стрес – кога телото лачи кортизол, се намалува лачењето плунка и устата се суши.“

Од цврста поврзаност до растојание

По натпреварот, Никол и Кит биле забележани како држат растојание еден од друг при пристигнувањето на стадионот „Геодис Парк“ во Нешвил.

Овој однос е спротивен на нивните вообичаени појавувања – на пример, во мај тие позирале прегрнати на 60. доделување на Академијата за кантри музика во Тексас. Тоа беше и нивното последно заедничко појавување пред јавноста пред разделбата.

Бракот на Никол и Кит траел 19 години, а заедно ги одгледале своите две деца. Сепак, нивните напорни распореди – таа на снимања, тој на турнеи – направија да поминуваат сè помалку време заедно.

Извор близок до парот за „Дејли Мејл“ изјавил:

„Кит ретко ја гледа Никол, или таа е на снимање или тој е на турнеја. Имаше многу љубов меѓу нив и можно е да не дојде до формален развод, но постои свет во кој веќе не можат да функционираат како порано.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот