
Никогаш не ги чувајте под креветот – Овие работи привлекуваат лоша енергија, беда и несреќа!
Заговорниците на фенг шуи веруваат дека сè со себе носи одредена енергија. Местото на кое ќе ги ставите предметите исто така е важно, бидејќи може да донесе позитивна или негативна енергија во вашиот дом.
Препорачано
Секој предмет има одредено место на кое треба да се најде, а на некои местото не им е воопшто во вашиот дом.
Доколку под креветот ги чувате овие работи, тогаш треба веднаш да ги тргнете! Некои предмети со себе носат негативна енергија, а влијаат на нас додека спиеме. Јасно е дека во креветот поминуваме доста време, па во негова близина не би сакале никакви лоши вибрации.
Работи кои будат лоши спомени
Доколку ве асоцираат на лоши работи, постојано ќе прават лоша енергија во вашиот дом.
Подароци или фотографии од поранешни партнери или пријатели
Овие работи постојано нѐ тераат да размислуваме за минатото и работите кои треба да ги преболиме. Значи, доколку сакате да се ослободите од духовите на минатото, ослободете се од непотребните подароци.
Износена, валкана гардероба и чевли
Многумина тешко се простуваат од старите работи, па им пронаоѓаат место на кое ќе стојат долго време. Доколку се размислувате и не сакате да се разделите од старите работи, чувајте ги на некое друго место, но никако под креветот, бидејќи привлекуваат сиромаштија.
Исушени билки
Околу креветот на кој спиете никако не смее да се најде исушено и овенато цвеќе. Тоа според верувањата привлекува лошо здравје.
Оштетени или скршени предмети
Оштетените и скршени предмети привлекуваат лоша среќа. Ним местото не им е по креветот, но ни во домот воопшто.
Стари, расипани технички уреди
Добро ни е позната ситуацијата во која наместо да го исфрлиме расипаниот телефон, го зачувуваме со размислувањето дека можеби некогаш повторно ќе ни затреба во иднина, иако тоа најверојатно никогаш нема да се случи. Таквите уреди главно завршуваат во кутија, а таа под креветот. Овие работи носат лоша енергија и лошо расположение.