Нико Ковач/фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Нико Ковач е новиот тренер на Борусија Дортмунд

Хрватскиот фудбалски стручњак Нико Ковач (53) во вторникот и официјално беше претставен како нов тренер на германскиот гигант Борусија Дортмунд.

Ковач ја презеде функцијата во неделата, наследувајќи го Нури Сахин, кој беше отпуштен на 22. јануари по серијата од четири порази. Со тимот привремено раководеше Мајк Тулберг, постигнувајќи две победи и едно реми во сите натпреварувања.

– Она што е позитивно се последните три натпревари. Јасно беше дека тимот го има потребниот квалитет. За мене тимот е навистина добар.

– Многу од тоа е поврзано со самодовербата. Да, неодамна имаше фаза кога работите не одеа добро, но последните три натпревари беа одлични. Мајк го направи тоа навистина добро и сите сме му благодарни за тоа – изјави Ковач на прес-конференција.

Минатогодишниот финалист во Лигата на шампионите е само на 11. место во Бундеслигата и е во опасност да го загуби местото во елитното натпреварување на „Стариот континент“. Оваа сезона во Лигата на шампионите, екипата од стадионот Вестфален ја заврши на 10. место и во баражот ќе игра против Спортинг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот