Фото: Пекселс/ karolina-grabowska

Нездрава навика: Зошто е лошо да се вовлекува стомакот?

Одредени здравствени состојби, па дури и непотребната мускулна напнатост во текот на секојдневниот живот може да предизвикаат нерамнотежа на стомачните мускули.

Нашите стомачни мускули се меѓу најоптеретените мускули. Тие се вклучени во речиси секое движење што го правиме, одржувајќи го телото стабилно и урамнотежено, го штитат нашиот ‘рбет, па дури и се грижат нашите внатрешни органи да останат таму каде што треба.

Но, одредени здравствени состојби, па дури и непотребното стегање на мускулите во текот на секојдневниот живот, може да предизвикаат нерамнотежа на стомачните мускули. Со текот на времето, ова може да доведе до состојба наречена „синдром на песочен часовник“ – штетна промена во структурата на абдоминалниот ѕид, што може да предизвика формирање на видлив набор во средината на абдоменот. Не само тоа, туку оваа промена може да има индиректен ефект врз внатрешните органи и другите делови од телото доколку не се лекува, „Саенс алерт“(Sciencealert).

Фото: Пекселс/ kindel-media

Постојат четири главни причини за синдромот на песочен часовник. Сите тие доведуваат до нерамнотежа во работата на стомачните мускули.

Првата се должи на одредени вродени состојби (како гастрошиза или омфацела) кои предизвикуваат абнормален развој на стомачните мускули, што доведува до мускулна нерамнотежа.

Лошото држење на телото е уште една причина. Ова предизвикува отстапување на ‘рбетот од неговата нормално искривување во форма на S, што доведува до штетни промени во напнатоста и функцијата на стомачните мускули и секако, доведува до нерамнотежа. Абдоминална болка (без разлика дали е од проблеми со желудникот, црниот дроб или жолчното кесе) – може да резултира и затоа што лицето намерно или ненамерно ги затегнува стомачните мускули за да ја намали или избегне болката.

Но, друга изненадувачка причина за синдромот на песочен часовник може да бидат проблемите со сликата за сопственото тело, кои се сè почест проблем. Луѓето кои можеби се чувствуваат несигурни за своето тело или кои сакаат рамен стомак потенцијално го вовлекуваат стомакот за да го постигнат овој изглед.

Фото: Пекселс/ kindel-media

Мускулна нерамнотежа

Кога го вовлекуваме нашиот стомак, тоа предизвикува ректус абдоминис (стомачните мускули) да контрахираат. Но, бидејќи имаме тенденција да складираме повеќе маснотии во долниот дел на стомакот, мускулите на врвот на стомакот имаат тенденција да бидат поактивни. Ова создава бразда во абдоменот во текот на подолг временски период, при што папокот е повлечен нагоре.

Без разлика на причината – дали е намерно или ненамерно – „вовлекувањето“ на стомакот врши поголем притисок врз долниот дел на грбот и вратот. Ова е затоа што тие сега треба да компензираат за промените во стабилноста на јадрото.
Абдоминалната компресија, исто така, го намалува просторот на располагање за сместување на абдоминалните органи. Ако замислите дека вашиот стомак е како туба од паста за заби, стискањето во средината создава притисок на врвот и на дното. Притисокот на врвот влијае на дишењето така што го спречува повлекувањето на дијафрагмата (главниот мускул вклучен во влечењето на воздухот).

Фото: Пекселс/rdne-stock-project

Притисокот на дното става поголема сила на мускулите на дното на карлицата бидејќи абдоминалната празнина се намалува во волумен кога абдоменот се вшмукува. Покрај тоа, силите на зглобовите на ‘рбетот и карлицата се зголемени бидејќи стомачните мускули се помалку способни да го апсорбираат ударот кога се напнати.

Иако има ограничено истражување кое го разгледува ефектот на самиот синдром на песочен часовник врз капацитетот за дишење, студијата за абдоминална лента (каде што целиот или дел од стомакот е врзан за да се олесни закрепнувањето од повреда на мускулите или операција) покажува намалување за 34 отсто во количината на воздухот што се издишува и 27- 40 отсто намалување на вкупниот капацитет на белите дробови. Не е сигурно дали тоа доведува до долгорочни промени во капацитетот за дишење. Но, на краток рок, може да го отежни вежбањето – и може да се чувствувате уморни поради намалениот кислород во крвта.

Вовлекувањет на стомакот може да го напрега дното на карлицата, што ќе влијае на функцијата на мочниот меур, матката и ректумот, потенцијално предизвикувајќи истекување на урина или измет, како и пролапс на матката.

Фото: Пекселс/miriam-alonso

За среќа, синдромот на песочен часовник е реверзибилен. Лекувањето на мускулната нерамнотежа со вежби кои ги зајакнуваат сите мускули на јадрото ќе помогне. Активностите како јога или пилатес веројатно ќе бидат корисни за релаксација на мускулите.

Синдромот на песочен часовник е веројатно нешто што ќе се развива во подолг временски период – недели постојано вовлекување на стомакот. Затоа, повремено вовлекување на стомачните мускули веројатно нема да предизвика проблеми.

Ако имате необјаснета или постојана абдоминална болка, вреди да се побара лекарска помош – не само за да се спречи мускулен дисбаланс, туку и да се третира основната причина за болката.

Ако имате тенденција да го вовлекувате стомакот за да го подобрите вашиот изглед, вежбите што ги зајакнуваат мускулите и грбот ќе бидат корисни за одржување на добро држење и рамен стомак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот