Бошко Јакшиќ / Фото: МИА

Независното новинарство во Србија под притисок: Бошко Јакшиќ повеќе не е дел од „Политика“

Белградската „Политика“ без објаснување ја прекина соработката со својот долгогодишен новинар, уредник и колумнист Бошко Јакшиќ, кој на страниците на весникот ги следеше и пречекуваше сите влади – од Југославија до современа Србија, објави Нова.рс.

Според српскиот писател и колумнист Елис Бекташ, Јакшиќ го документирал историскиот тек на земјата и критички ги анализирал политичките констелации од времето на Колишевски, Милошевиќ, Коштуница, Ѓинѓиќ, Тадиќ и Николиќ, па сè до актуелниот режим.

Јакшиќ како симбол на критичко новинарство

Прекинот на соработката, според писателот Бекташ, не е насочен лично против Јакшиќ, туку против неговата улога како симбол на независно и критичко новинарство.

Неговите текстови поттикнуваа размислување и преиспитување на владејачките политики, укажувајќи на простор за маневрирање и критикување, што денешниот режим не го толерира – наведува во својот авторски текст писателот и колумнист Бегташ.

Тој оценува дека отстранувањето на Јакшиќ е сигнал до медиумите во Србија дека јавниот глас мора да се подреди на владејачкиот режим и неговиот лидер, Александар Вучиќ, а независното мислење и аналитичка критика не се дозволени.

Крај на медиумската биполаризација и радикализација

Со отстранувањето на Јакшиќ, според Бекташ, започнува крајот на процесот на биполаризација на медиумскиот простор во Србија. Според него режимот на Вучиќ ги толерира само оние кои ја прифаќаат неговата структурна матрица, без веродостојна анализа, критика или духовитост. Како резултат, медиумската сцена се радикализира, а прагот на толеранција за независно мислење е спуштен на нула, се наведува во авторскиот текст на познатиот српски писател објавен во Нова.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот