
Невролог открива 4 зачини кои се одлични за мозокот и ја подобруваат концентрацијата
Неврологот д-р Брендон Крафорд неодамна сподели неколку научни сознанија за здравјето на мозокот и подобрување на когнитивните способности.
Препорачано
Тој ги нагласи придобивките од подготвувањето оброци со неколку специфични зачини кои можат позитивно да влијаат на здравјето на мозокот, па дури и да ја подобрат концентрацијата. Ова се некои од нив.
1. Куркума
Доктор Крафорд ја истакнува моќта на куркумата, благодарение на активното соединение, куркумин. Познат по своите антиинфламаторни и антиоксидантни својства, куркуминот може да помогне во намалувањето на воспалението и оксидативното оштетување во мозокот, фактори често поврзани со состојби како што е Алцхајмерова болест.
– Куркуминот исто така го зголемува нивото на мозочниот хормон БДНФ, кој го зголемува растот на нови неврони и се бори со различни дегенеративни процеси во мозокот – објаснува д-р Крафорд за „Ши фајндс“ (SheFinds).
2. Ѓумбир
Кога станува збор за антиинфламаторните зачини, не можете да погрешите со ѓумбирот.
– Познат по своите моќни антивоспалителни својства, ѓумбирот може да ја подобри когнитивната функција со намалување на воспалението и оксидативниот стрес. Помага и во балансирање на невротрансмитерите, што може да ја подобри концентрацијата – истакнува неврологот.
3. Цимет
Ако сакаме нешто слатко, можеме да посегнеме по цимет. Според неврологот, циметот е повеќе од само вкусен додаток на јадењата – тој е моќен извор на антиоксиданси клучни за заштита на нервните структури од оксидативен стрес.
– Циметот исто така може да го регулира нивото на шеќер во крвта, што е круцијално за одржување на когнитивната функција и спречување на невродегенеративни болести – рекол тој.
4. Црн пипер
Црниот пипер носи значителни придобивки во областа на здравјето на мозокот, особено во комбинација со куркума.
– Пиперинот, активното соединение во црниот пипер, може да ја зголеми апсорпцијата на куркумин за максимална искористливост на нивните нутритивни својства. Оваа комбинација не само што ги подобрува придобивките од куркуминот за мозокот, туку помага и во подобрување на варењето и апсорпцијата на хранливите материи, индиректно поддржувајќи го когнитивното здравје – заклучил д-р Крафорд.