Невработеноста во Франција за еден месец пораснала за 7 отсто

Од министерството за труд оваа бројка се објаснува со замрзнувањето на новите вработувања, отколку со бран на масовни отпуштања од работа.

Првите ефекти од кризата со коронавирусот се почувствуваа силно врз бројот на невработените. За само еден месец невработеноста во Франција пораснала на историски седум проценти, а бројот на невработени се зголемува за цело тримесечје.

Според статистиките на Центарот за вработување, за првото тримесечје од годината, бројот на невработените, лица од категоријата А (без активност), достигна 3.576.400 невработени.

Во сите категории на невработени, невработеноста останува стабилна со намалување од 2,9 отсто за една година, на 5.744.100 невработени.

Оваа бројка го крие силниот пораст на невработеноста во март. Така во текот на овој месец, невработените од категоријата А, забележува силен пораст, кој не е забележан од 1996 со повеќе од 246.100 нови невработени, односно + 7,1 отсто.

Од министерството за труд оваа бројка се објаснува со замрзнувањето на новите вработувања, отколку со бран на масовни отпуштања од работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот