Нетанјаху поддржува продолжување на примирјето, но вети исполнување на нивните цели по неговото завршување

Бенјамин Нетанјаху/ Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера му рече на американскиот претседател Бајден дека можноста за продолжување на примирјето со Хамас би била добредојдена во замена за продолжување на ослободувањето на десет заложници дневно од Газа.

-Вечерва вративме уште една група заложници, жени и деца и трогнати сме од се срце, целата нација, кога го гледаме ова семејно обединување. Тоа само ја допира душата. Постои и нацрт кој вели дека е можно да се ослободуваат дополнителни десет заложници секој ден. Тоа би било добредојдено, рече Нетанјаху.

Тој посочи оти му рекол на Бајден дека ако и кога ќе заврши примирјето, Израел „ќе тргне со полна сила за да ги постигне целите: да го елиминира Хамас, да се погрижи Газа никогаш да не се врати на она што беше и да ги ослободи сите нивни заложници“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот