Нетанјаху на Твитер се пофали со огромната победа на внатрепартиските избори во Ликуд

Изрелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе оддржи говор по својата беспрекорна победа на внатрепартиските избори во Ликуд против својот колега, пратеникот Гидеон Саар, пишува весникот „Ерусалим Пост” .

Нетанјаху освои вкупно 41.792 гласа, или 72,5 отсто од гласовите, додека за Саар гласаа само околу 15.885 лица или 27,5 отсто од членовите на Ликуд, кои се изјаснија.

„Огромна победа!”, напиша премиерот на Твитер веднаш по објавувањето на првичните резултати од гласањето.

-Им благодарам на сите членови на Ликуд за довербата, поддршката и симпатиите. Јас ќе го поведам Ликуд кон голема победа на идните избори и ние ќе продолжиме да го предводиме Израел кон неверојатни постигнувања- додаде тој на Твитер.

Саар, од своја страна, го прифати поразот и вети дека тој и неговите приврзаници, кои го поддржаа во изборите, ќе застанат зад премиерот пред новите парламентарни избори закажани за 2 март 2020 година. Но, по двете недели, во кои приврзаниците на Нетанјаху го напаѓаа, Саар изјави дека нема да му се извини на премиерот за својата предизборна кампања.

-Овој натпревар беше исклучително важен за Ликуд и демократските процеси, рече тој.

-Јас не сум незадоволен од својата одлука да се кандидирам (за претседател на партијата). Тоа беше правилна одлука. Оние кои не сакаат да преземат ризици за тоа во што веруваат никогаш нема да успеат- додаде тој.

Пратеникот од Ликуд, Мики Зохар, изјави дека овие избори докажуваат дека нацијата застанува зад Нетанјаху, и покрај тоа што медиумите се против него и тој треба да побара  имунитет за кривичните дела за корупција што се водат против него, за да може да продолжи да работи како премиер.

Но, опозицијата е на спротивното мислење. Израелските лабуристи изјавија дека овие избори докажуваат дека премиерот се оддалечил од нацијата. Според најголемата опозициска партија „Сино и бело”, Ликуд официјално се претворил во партијата на Нетанјаху и секој кој не е негов приврзаник очигледно не припаѓа таму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот