Нетанјаху и Мнучин разговараа за опасноста од Иран

Фото: EPA-EFE/RONEN ZVULUN

Израелскиот премиер во заминување Бенјамин Нетанјаху на денешната средба со американскиот министер за финансии Стивен Мнучин, истакна дека Иран почна да распоредува ракети во Јемен.

– Иран веќе тежнее да се снабди со прецизно оружје, кое може да ја погоди секоја мета на Блиски Исток, тоа се произведува во Иран и тие сакаат да го распоредат во Ирак и во Сирија, како и ракетниот арсенал од 130.000 ракети во Либан да ги претворат во прецизно оружје. Тие тежнеат кон тоа и веќе почнаа да го лоцираат во Јемен, за оттаму да го нападнат Израел, посочи Нетанјаху.

Мнучин вети заострување на економските санкции кон Иран, при тоа истакнувајќи дека „кампањата на максимален притисок” на Владата на САД ја запрела иранската агресија.

– Американските санкции имаат за цел да го принудат Иран да ги запре штетните активности и извоз на тероризам, како и стремежите да достигне нуклеарна способност, истакна Мнучин.

Тој ја предводи американската делегација при посетата на блискоисточните земји и Индија, чија цел е интензивирање на економските односи и антитерористичките иницијативи.

Во американската делегација е советникот и зет на американскиот претседател Џаред Кушнер, кој ќе се сретне со Нетанјаху и со лидерот на коалицијата Сино и Бело, Бени Ганц, кој е мандатор за составот на новата израелска влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот