Несогласувања во израелската влада: Воениот кабиент прави грешка со горивото во газа, тоа е сигнал за слабост

Контроверзниот нов министер Итамар Бен Гвир - Фотографија ЕПА, Абир Султан

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир ја оспори одлуката на воениот кабинет да дозволи мали количини гориво во Газа.

Според него, форумот составен од премиерот Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант, министерот Бени Ганц и неколку набљудувачи „го води Израел во погрешна политика“, пренесе „Тајмс оф Израел“.

„Додека нашите заложници не добиваат ниту посета од Црвениот крст, нема смисла да му даваме хуманитарни подароци на непријателот“, кажа Гвир.

Неговиот колега, министерот за финансии, Безалел Смотрич, пак, вели дека дозволувањето испорака на гориво во Газа „е тешка грешка и е во спротивност со одлуката на целиот воениот кабинет“.

Ваквиот потег, смета тој, „покажува слабост, му дава кислород на непријателот и му дозволува на (лидерот на Хамас во Газа) Синвар удобно да седи во својот климатизиран бункер, да гледа вести и да продолжи да манипулира со израелското општество и со семејствата на киднапираните“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот