„Нема смисла, прашајте ја Мелина“: Прво огласување на Харис Џиновиќ за разводот

Фото: Инстаграм/„Хамел“/Харис Џиновиќ

Српскиот пејач Харис Џиновиќ откако со недели беше главна тема на медиумите поради разводот со сега веќе поранешната сопруга Мелина Џиновиќ, застана пред камерите и проговори за ситуацијата во која во моментот се наоѓа.

Веста дека Харис и Мелина Џиновиќ се разведуваат сѐ уште е актуелна во медумите низ регионот.

Пејачот прво зборувал за своите песни, дека е поактуелен од кога било, без да знае зошто, а открил и дека нема да има дуети во неговата понатамошна кариера.

Потоа, водителот на емисијата „Премиера викенд специјал“ го прашал Харис како го коментира тоа што неговата ќерка Џина е многу интересна за медиумите, на што тој одговорил дека нема проблем со тоа и дека ако им се допаѓа на медиумите, треба да продолжи да го прави тоа. Потоа се појавило фамозното прашање за неговиот брачен статус, на кое пејачот кратко одговорил:

– Не сакам да зборувам за тоа. Нема смисла да ме прашувате за моите приватни работи. Многумина ми се јавија, но јас тоа нема да го коментирам. Не разговарам со моите деца за оваа ситуација, а ниту со Мелина, прашајте ги нив. Јас не знам ништо и мене ништо не ме погодува – рекол Џиновиќ во емисијата „Премиерен викенд специјал“.

Инаку, Харис и Мелина Џиновиќ ја започнаа својата емотивна врска во 2002 година и добија две деца, синот Кан и ќерката Џина, а се венчаа 12 години подоцна. Како што пишуваат медиумите, во последниве години, Мелина и Харис, наводно, се обидувале да ги подобрат нарушените односи кои биле разнишани откако се вселиле во новата куќа.

Харис Џиновиќ се разведува: „Веќе се исели од нивната вила, сопругата остана таму со децата“

Сопругата на Харис Џиновиќ по разводот менува сѐ: Не изгледа дека поминува низ тежок период

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот