
„Нема смисла“: Претседателот Макрон не сака популарната серија „Емили во Париз“ да се снима во Рим
Францускиот претседател Емануел Макрон во интервјуто за „Вараети“ се пошегува дека ќе се бори главниот лик од хит серијата на Нетфликс, „Емили во Париз“ да се врати во француската престолнина по нејзиниот престој во Рим, пренесува „Ројтерс“.
Препорачано
„Ќе се бориме жестоко. И ќе бараме од нив да останат во Париз! ‘Емили во Париз’ нема смисла да е во Рим“, изјавил Макрон.
Инаку, во четвртата сезона од серијата, американската иселеничка Емили, која ја игра актерката Лили Колинс, се преселува од Париз во Рим поради работа.
Успехот на серијата, кој го доживеа за време на карантинот во 2020 година, беше толку голем што и сопругата на Макрон, Брижит, се појави во една епизода во последната сезона.
„Бев многу горд, а таа беше многу среќна што го направи тоа. Тоа е само неколку минути, но мислам дека тоа беше многу добар момент за неа“, рекол Макрон.
„Мислам дека е добро за имиџот на Франција. ‘Емили во Париз’ е супер позитивна во однос на привлечноста кон земјата“, додал тој.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
27мин
-
56мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5