Фото: Принтскрин

Нема отстапување од нормалните параметри за радиоактивност во воздухот, тврди Андоновска

Четворица граѓани побарале помош на Клиниката за токсикологија поради пожарот во Трубарево, кои почувствале вртоглавица и се пожалиле на кашлица, од кои тројца се веќе на домашно лекување, а жителка на Трубарево е хоспитализирана, но надвор од животна опасност.

Четворица граѓани побарале помош на Клиниката за токсикологија поради пожарот во Трубарево, кои почувствале вртоглавица и се пожалиле на кашлица.  На Клиниката е хоспитализирана жителка на Трубарево, а другите три лица (припадник на Армијата, директорот на Центарот за управување со кризи и полицаец), веќе се пуштени на домашно лекување, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу.

Тој посочи дека вчера Министерството за здравство формирало кризен штаб за состојбата во Трубарево и во реално време ја следи целата ситуација од здравствен аспект. Со директорите на Институтот за јавно здравје и на токсикологија направени се протоколи, за, како што рече,  ако има потреба да може да се интервенира. Алиу потсети дека вчера Институтот излезе со препораки за граѓаните и дека  истите препораки важат и денеска, а дадени е и препорака, за која денеска треба да одлучи Владата на седница, учениците од трите училишта во близина една недела да имаат онлајн настава.

ВИДЕО | Ангелов: Пожарите се подметнати и хибриден напад врз државата

На прашањето дали маските кои вчера им беа поделени на жителите на Трубарево навистина нидат заштита, Алиу рече дека се превентивни за оние што не се во ризичниот опсег на загадување.

Се работи за маски кои штитат, но кои не се добри ако сте во помал радиус од 200 метри, но сите жители кои живеат во радиус помал од 400 метри веќе се дислоцирани од таму, додека за другите, според мерењата, нема голем ризик и тие маски се превентивни – нагласи министерот.

Во однос на тоа дали од здравствен аспект постои опасност за поширокиот регион, директорката на ИЈЗ Марија Андоновска рече дека ова е ситуација со која државата и граѓаните за првпат се соочуваат и многу е важно да не се политизира и да не се прави паника, затоа што сите институции се вклучени во целиот процес и секој работи во рамките на неговите надлежности.

Институтот издаде одредени општи препораки, кои се во согласност со сите протоколи и светски стандарди, така што било кој институт во светот во ваква ситуација ќе ги издадеше истите препораки. Најодговорно тврдам дека доколку овие препораки се почитуваат, особено од граѓаните од ранливите групи, можат да придонесат да немаме здравствени проблеми какви би можеле да имаме, рече директорката.

Институтот како што рече не ги прави физичко –хемиските анализи на воздухот, туку мониторингот го прави друга државна институција, додека ИЈЗ прави мониторинг на воздух, почва и вода од аспект на радијација.

Институтот располага со најсовремена опрема за оваа намена и со професионалци, имаме 12 мерни станици за оваа намена од кои неколку во Скопје, коишто во реално време ни покажуваат дали има отстапување на параметрите за радиоактивност на воздухот. Според нашите анализи во моментов нема никакво, ниту најмало отстапување од нормалните параметри за радиоактивност. Во наредните денови ќе се направат анализи и на водата и почвата во регионот на Трубарево – рече Андоновска.

Омститутот вчера им препорача на граѓаните како да постапуваат во случаи кога постои ризик од загадување на воздухот и изложеност на штетни материи. Оттаму советуваат да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и секој што ги забележува овие симптоми веднаш да побара медицинска помош. Лицата со респираторни заболувања, мали деца, стари лица и бремени жени да избегнуваат активности на отворено. Кога е неопходно движење на отворено во области кои се во непосредна близина на опожарени места, да се користат соодветни маски.

Во подрачја каде постои ризик од загаден воздух, да се остане внатре и да се затворат прозорците и вратите, особено во подрачјата на непосредна близина на места каде има активни пожари како и подрачјата кон кои ветерот го насочува чадот. Да исклучи вентилација и климатизациски системи што вовлекуваат надворешен воздух, за да се спречи навлегување на чад и загадувачи во просториите. Редовно да се следат официјалните информации и ажурирањата за квалитетот на воздухот – се исто така дел од препораките на ИЈЗ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот