Нема нови случаи на заразени со коронавирус во штипските градинки

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Нема нови случаи на заразени во штипските градинки, информираат директорите на овие установи„Астибо” и на „Вера Циривири-Трена”. Категорично ги отфрлаат лажните вести и шпекулации дека во нивните градинки има и други заразени меѓу вработените.

Директорката на градинката „Астибо”, Билјана Трајчевска вели дека ниту една од вработените, ниту пак од децата имаат симптоми, се следи состојбата во сите објекти на градинката.

– Протоколите и заштитните мерки на Министерството за труд и социјална политика, доколку доследно се почитуваат не дозволуваат да се рашири коронавирусот меѓу вработените и децата од останатите групи. Ја следиме состојбата со изолираните деца и двете вработени, кои по 14 дена изолација ќе можат да се вратат во градинката, вели Трајчевска.

Во објектот на градинката „Вера Циривири-Трена” во населбата Ново Село извршена е дезинфекција, откако вчера е потврден вирусот кај негувателка, па од денеска во изолација се и нејзината колешка воспитувачка и 12 деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот