
Нема ни да се лизнете: Едноставен трик за одење по мраз кој го користеле нашите баби
Кога во овој период од годината температурите паѓаат и под нулата, посебно внимание треба да се посвети на одење по лизгави и ледени површини, кои се речиси неизбежни. Опасноста од повреда, доколку се лизнеме е голема, па токму затоа една девојка од Шкотска пронајде интересно решение, како безбедно да се движиме по заледени површини, пишува „Најжена“.
Препорачано
Мел, како што ја нарекуваат девојката, стана вирална на социјалните мрежи благодарение на нејзиното практично решение кое е прегледано повеќе од 1,8 милиони пати. Таа навлече стар пар чорапи преку патиките, а токму ова и овозможило безбедно да се движи по ледените површини без да се лизга.
Таа понатаму објасни дека овој трик е доста ефикасен, и дека иако мразот е лизгав, ова генијално решение ќе спречи паѓање и потешки повреди.
Нејзините следбеници биле воодушевени и побрзале да го пробаат овој трик. Додека некои изразија задоволство од практичноста на идејата, други истакнаа одредена доза на срам што би можеле да ја почувствуваат во јавноста.
Коментарите се различни: „Ќе земам машки чорапи за вежбање во моментов бидејќи таму има вистинско лизгалиште“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Ова секогаш го правев. Луѓето ме гледаат чудно, но јас не паѓам!“
Имаше и такви кои по болно искуство ја истакнаа практичната вредност на трикот: „Неодамна го скршив лактот поради пад на мраз, ова многу ќе ми помогне!“
Сепак, не сите се ентузијасти за оваа идеја. Една мајка напишала: „Моите деца би биле засрамени ако ги одведам вака на училиште“.
Без разлика на мислењата, трикот на Мел секако дава едноставно решение за безбедно движење по зимски мраз. Дали и вие би се осмелиле да го пробате?