Христијан Мицкоски / Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Нема конкретен датум, Мицкоски планира во најскоро време да се сретне со родителите од Кочани

Откако премиерот Христијан Мицкоски јавно објави дека ќе се сретне со родителите на загинатите и повредените од пожарот во Кочани од владата сè уште нема конкретен датум кога ќе се случи средбата, единствено кажуваат дека таа ќе биде во најскоро време.

-Ве информираме дека во план е во најскоро време остварување на лична средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и родителите. Должност на Владата и институциите, но и како луѓе, е да бидеме присутни, да слушаме, и да делуваме. Станува збор за длабока човечка и општествена трагедија, а Владата и институциите остануваат целосно посветени на поддршка, соочување со последиците и решавање на сите поврзани прашања, кои произлегоа од трагичниот настан во Кочани – велат од Влада за „Слободен печат“.

Оттаму посочуваат дека јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана кога ќе се реализира средбата. Мицкоски пред неколку дена најави дека ќе се сретне со родителите, речиси два месеца по трагедијата.

-Цела Македонија сè уште болува и ова нема да биде болка којашто ќе престане, но мора да се соочиме со тоа и да ги решаваме работите, не можат тие сами од себе да се решат. Свесен сум дека ќе има и такви политички структури кои на лешинарски начин ќе се обидат на трагедијата на овие луѓе да соберат политички поени, но и тоа е дел од нашиот живот. Важно е ние да сме трпеливи и да ги решаваме проблемите, па понатаму граѓаните се тие кои судат и носат одлуки – рече Мицкоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот