Нема да поверувате! Студија покажа што најчесто крадат гостите во хотелите

Илустрација - маж пристигнува во хотел / Фото: OLIVE / Olive images / Profimedia

Крадењето сапуни и моливи од хотели за многу гости изгледа безопасно, но некои од нив се осмелуваат да украдат дури и телевизори, клавири, душеци или кадифени играчки од хотелските соби.

Германскиот портал „Велнес хевн“ (Wellness heaven) разговарал со 1.376 менаџери на хотели на тема – кои предмети најмногу се крадат, а забележлива е разликата кога станува збор за украдени предмети од хотели со четири и пет ѕвезди.

Главниот резултат од студијата од октомври покажа дека најмногу се крадат крпи и бањарки, а потоа лак, моливи и козметика. Кога станува збор за националноста на гостите, не крадат сите исти предмети.

Се испоставило дека германските и британските гости на хотелите, освен што крадат крпи и бањарки, главно крадат козметика и предмети за тоалет. Австријците повеќе се ориентирани кон крадење чинии и апарати за кафе, додека за Американците „приоритет“ се перниците и батериите. Италијанците сакаат да земат чаша за вино како хотелски сувенир, додека кај Швајцарците фенот за коса е исклучително „баран“.

Французите се различни, па крадат телевизори или далечински управувачи. Забележливо е и дека шест пати почесто се крадат таблети во хотелите со пет ѕвезди. Уметничките дела се „популарни“ меѓу крадците во луксузните хотели, каде се крадат 4,3 пати повеќе отколку во хотелите со четири ѕвезди. Во хотелите со пет ѕвезди многу повеќе се крадат телевизори и душеци.

Околу десет отсто од менаџерите на хотели со пет ѕвезди се жалат на кражба на душеци, додека „само“ 2,2 отсто од хотелите со четири ѕвезди го пријавуваат ова.

Гостите на хотелите со четири ѕвезди преферираат поедноставни работи – крпи, закачалки, батерии и далечински управувачи. Еден италијански хотелиер изјавил дека еден ден додека поминувал низ салата забележал дека нешто големо недостасува.

„Наскоро дознав дека тројца непознати мажи во комбинезони украле голем клавир што никогаш не беше вратен“, рекол тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот