Нехамер: Пристапните услови за Украина мора да важат и за земјите од Западен Балкан

Карл Нехамер / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека пристапните услови за Украина мора да важат и за земјите од Западен Балкан, посебно за Босна и Херцеговина.

Тој додаде дека Австрија на ниво на ЕУ ќе се залага за тоа.

Нехамер истакна дека по доделувањето на статус кандидат на Украина и на Молдавија во ЕУ се воведува нова постапка, во која уште пред исполнување на критериумите на Унијата се добива кандидатски статус.

– Тоа мора да важи и за другите земји-кандидати од Западен Балкан. Неопходни се и јасни сигнали за Северна Македонија и за Албанија, посочи Нехамер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот