Негувателка во градинка во Кавадарци позитивна на ковид-19, во изолација 13 деца и две вработени

Сите хоспитализирани Ковид пациенти од модуларната болница во Кавадарци се префрлени во Ковид А Одделот/ Фото: МИА

Негувателка во градинка во Кавадарци е позитивна на kовид-19. Во изолација се 13 деца, една негувателка и една воспитувачка, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

– Изминатите 24 часа регистрирани се 44 случаи позитивни на коронавирус во Тиквешијата. Дваесет и четири од Кавадарци, по десет од Неготино и од Демир Капија. Најмладиот новозаболен има 13 години, истакна Јовановски.

Тој додаде дека се утврдуваат нивните контакти, со цел да се изолираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот