Не сме браќа со Македонците, тврди бугарски историчар

Можам да разберам, но не можам да го оправдам отварањето на културниот клуб со името „Цар Борис Трети“, а притоа да се изненадиш дека ќе предизвика остра реакција. Тоа е како да фатиш куче за опашка и да се изненадиш кога ќе те касне, вели бугарскиот историчар Иван Илчев.

Во гостувањето на ТВ студио, Илчев посочи дека културните клубови во Македонија во иднина би требало да бидат именувани со понеутрални имиња и да претставуваат мостови на соработка.

– Ниту еден клуб на Бугарите во Македонија нема да биде прифатен, но треба да се проба со имиња како мост, братство, пријателство итн – вели историчарот.

Тој е категоричен во тврдењето дека Бугарите не се браќа со Македонците, а ја искажа и тезата дека бројни припадници на бугарското малцинство во Македонија биле прогонувани со децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот