Фото: Pexels / Heitor Verdi

Докторка тврди: Не пијте алкохол по 19 или 20 часот од една причина!

Времето кога ќе посегнете по чаша вино или коктел може да биде пресудно за тоа дали наутро ќе се разбудите одморени или исцрпени. Според зборовите на д-р Викторија Хејс, консумирањето алкохол доцна навечер може да има долгорочно негативно влијание врз квалитетот на одморот и општата благосостојба, пишува „Експрес“.

Зошто пиењето доцна навечер го нарушува сонот?

„Дури и еден пијалак премногу блиску до одењето во кревет може да ја наруши способноста на телото да се опорави, да се одмори и да се ресетира“, предупредува д-р Хејс, пишува британски „Експрес“. Иако алкохолот може да го забрза заспивањето, побрзо, токму тука лежи проблемот.

„Алкохолот ја блокира REM фазата на сонот – длабоката, обновителна фаза што мозокот ја користи за паметење, расположение и обработка на информациите“, објаснува таа.

РЕМ спиењето е особено важно за менталните функции, а неговиот недостаток остава последици веќе следниот ден.

На почетокот, алкохолот делува како седатив, но како што се разградува во текот на ноќта, доведува до испрекинат сон, забрзан пулс и поплиток одмор. Ова често доведува до будење во раните утрински часови, чувство на исцрпеност, дневна сонливост или зголемен немир (анксиозност).

Ефектите се најсилни кога алкохолот се консумира во рок од три часа пред спиење. Покрај намалувањето на РЕМ сонот, се зголемува и бројот на епизоди на ‘рчење, а симптомите на апнеја во сонот може да се влошат.

Д-р Хејс советува да се прекине консумирањето алкохол најдоцна до 19 или 20 часот, во зависност од вашето вообичаено време за спиење.

„На телото треба да му се даде доволно време да го метаболизира алкохолот пред спиење. Ова е најдобриот начин да уживате во пијалакот, без да го жртвувате закрепнувањето“, нагласува докторката, пишува „Експрес“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот