Фото: Pexels/ Marcus Aurelius

Не можете да заспиете?: Решението би можело да биде техниката на дишење 4-7-8

Добриот сон е клучен дел за одржување на општото добро здравје. Сепак, многу луѓе не успеваат да ги имаат препорачаните седум или повеќе часа сон. Една од главните причини зошто луѓето се борат со спиењето, е затоа што нивните умови се оптоварени од секојдневните мисли, токму кога треба да се опуштат пред да заспијат, пишува „Мирор“.

Сепак, техниката на дишење 4-7-8 може да ви помогне да се опуштите и да ви помогне да заспиете. Идејата зад овој метод не е да ги излечи сите ваши проблеми со спиењето, туку да ви даде начин да најдете мир и да ја намалите анксиозноста, што пак може да ви помогне да заспиете.

Техниката на дишење 4-7-8 е дизајнирана да ве опушти и има свои корени во практикувањето на јогата, но е популаризирана од специјалистот за интегративна медицина д-р Ендрју Веил.

Исто така познат како „релаксирачки здив“, методот 4-7-8 вклучува вдишување за четири броења, задржување на здивот за седум броења, а потоа издишување за осум броења.

Како да се практикува техниката на дишење 4-7-8?

Следете ги овие чекори за правилно извршување на техниката 4-7-8:

-седнете исправено
-ставете го врвот на јазикот на работ, веднаш зад горните предни заби и држете го таму цело време
-издишувајте преку устата
-затворете ја устата и дишете низ носот четири броења
-задржете го здивот седум броења
-издишете преку устата до осум броења
-повторете го овој циклус четири пати

Колку повеќе ја практикувате техниката 4-7-8, толку  ќе станете подобри во неа и толку повеќе вашето тело ќе се навикне на неа како метод за управување со стресот и анксиозноста.

Како може техниката на дишење 4-7-8 да помогне при спиење?

Техниката на дишење 4-7-8 им помага на поединците да се фокусираат на нивното дишење, наместо да размислуваат зошто не можат да заспијат.

Овој метод може да ви помогне да го активирате парасимпатичниот нервен систем – одговорен за одмор и варење. Ја намалува неговата активност и го прави вашето тело спремно за спиење.

Исто така, постојат некои докази дека практиката на дишењето, може да помогне да се намалат симптомите на анксиозност, депресија и несоница. Техниката 4-7-8 исто така има добар ефект врз отчукувањата на срцето и крвниот притисок.

Може да биде корисно да се комбинира техниката на дишење со други методи за релаксација, како што се прогресивна мускулна релаксација, јога, свесност или медитација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот