„Не ја ни допрев“: Душко Тошиќ негира дека ја нападнал сопругата Јелена Карлеуша

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ / Фото: Инстаграм/Јелена Карлеуша

Српската пејачка Јелена Карлеуша (45) и нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер Душко Тошиќ (39), се во центарот на медиумското внимание поради наводното семејно насилство кое се случило во нивниот дом.

Како што јавија српските медиуми, во саботата наутро дошло до инцидент меѓу сопружниците, кога фудбалерот пристигнал во нивниот семеен дом во елитната населба Дедиње и, наводно, ја нападнал и ја удрил сопругата, поради што реагирала и полицијата.

По пријавата на Карлеуша, полицијата веднаш излегла на терен каде ја пронашла пејачката со нејзиниот пријател Н.Ј. Тие рекле дека Тошиќ дошол во куќата, од која има клуч, и дека бил под влијание на алкохол. Според нивната изјава, Тошиќ го нападнал пријателот на Карлеуша, го фатил за врат и го удрил неколку пати по главата и по телото.

Сега Тошиќ за првпат се огласи на социјалните медиуми, каде одговори на прашање на еден од неговите следбеници: „Дали навистина ја удри и ја влечеше за коса? Зошто? Се сакате и имате вистинско богатство, а тоа се вашите деца“.

„Не, секако дека не ја ни допрев. Таа ми намести сè“, гласи неговиот одговор.

Јелена Карлеуша за Северина: Јас немам конфликт со неа, таа има конфликт со земјата од која потекнува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот