
Не го напуштила својот дом три недели, а сепак сега е заразена со корона – како е можно?
Пациент кој во моментов се наоѓа во домашна изолација, говори за своето искуство, живот во карантин.
Американката Рејчел Брумерт е позитивна на корона вирусот и покрај фактот што три недели претходно не го напуштила својот дом во Северна Каролина, пренесува „Дејли меил“.
Препорачано
Поради нејзиното автоимуно пореметување, Рејчел за време на карантинот ги презела сите мерки за претпазливост. Држела социјална дистанца, а единствено била во контакт со нејзиниот сопруг, кој спиел во одвоена соба, со својот фармацевт и со една жена која и доставувала намирници.
Но и покрај овие мерки, несреќната жена минатата недела почнала да забележува симптоми на болеста Ковид – 19, а по епидемиолошката анкета и спроведениот тест било утврдено дека сепак е позитивна.
Иако немала директен контакт со жената, Рејчел не носела ракавици кога од својот праг ги земала намирниците, па се сомнева дека тоа е начинот на кој се заразила.
– Навистина мислев дека се правам како што треба. Едвај имав некаков контакт со жената која ми носеше храна, ја немам ни допрено. Преплашена сум. Слушав многу за респираторите и ми делува застрашувачки. Навистина се надевам дека ќе се опоравам дома, вели Рејчел.
Првите симптоми биле карактеристични за Ковид – 19 – треска, кашлање, губење мирис, замор, главоболка и потешкотии со дишењето.
Рејчел се плаши да заврши во болница особено поради нејзината здравствена состојба и се надева дека клиничката слика нема да и се влоши.
– Никогаш порано сум немала нешто слично. Имав грип. Тоа е потполно друго чудовиште, вели таа.