Не е загрозена работата на ниту една болница во државата

Скопје, 3 јуни 2020 / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска истакна дека не е загрозена работата на ниту една јавна здравствена установа во државата, односно ниту една болница во овој момент не се наоѓа во ризик од ширење на коронавирусот.

Како што информира тој на денешната прес-конференција, во болницата „8 Септември” има 50 пациенти, 35 потврдени, а капацитетот на болницата е близу 400 кревети.

– Не е загрозена работата на ниту една јавна здравствена установа. На Инфективната клиника во моментов е хоспитализиран 81 пациент од вкупно 110 кревети, и плус 70 кревети во дополнителната монтажна болница, рече Филипче во одговор на новинарско прашање.

Според Филипче, овој систем на ротација добро функционира.

– Еве сега се подготвуваат и лекарите интернисти, така што ниту еден сегмент не е загрозен. Нема повеќе места во Клиничката болница во Битола и затоа денеска од тој регион ќе бидат хоспитализирани пациентите во болницата во Охрид за што има и план и слободни кревети и доволен број на респираторни машини. Така што, ниту една јавна здравствена установа во овој момент не е во ризик, рече министерот Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот