Фото: ccnull.de

Не даваат резултати: Овие трикови за перење алишта всушност не функционираат

На интернет можете да најдете тони совети за тоа како да се ослободите од одредени дамки, како да ја дезинфицирате облеката или како да спречите избледување на боите на ткаенината – сепак, некои од нив всушност не даваат никакви резултати.

Повеќето од нас се научени да перат алишта на речиси ист начин, а тоа вклучува стандардни совети за отстранување дамки и други трикови кои ќе го олеснат процесот. Сепак, иако овие совети ветуваат чуда – тие не секогаш функционираат.

Лимонот ја зголемува ефикасноста на детергентот

Можеби веќе сте слушнале дека додавањето сок од лимон во машината за перење ја зголемува ефикасноста на детергентот. Науката во основа би се согласила со ова, бидејќи може да помогне да се отстрани нечистотијата и остатоците од детергентот и омекнувачот што остануваат на облеката.

Сепак, еден лимон, од кој во просек можеме да исцедиме само неколку лажици сок, нема да биде доволен за видливи резултати.

Оцет за дезинфекција на облеката

Трик што можете да го најдете на интернет препорачува да додадете само една четвртина шолја оцет во водата за плакнење за да ја дезинфицирате облеката.

Оцетот навистина може да помогне при перење алишта, но поради релативно ниската концентрација на оцетна киселина, растворот не е доволно силен за целосно да ја дезинфицира облеката и да спречи ширење на бактерии и вируси. Сепак, може да помогне при непријатниот мирис на облеката.

Додавање сол за да се спречи избледување на боите на алиштата

Друг совет од интернет препорачува да додадете чаша во машината за перење пред да започнете со циклусот на перење. Иако солта се користи како средство за фиксирање на бои во различни соединенија, таа не може да ви помогне во овој случај.

Проблемот е што солта ги има гореспоменатите позитивни ефекти врз обоените текстили за време на фазата на развој на материјалот штом облеката ќе пристигне во плакарот, тој процес е завршен, а додавањето сол за време на перењето нема да направи никаква разлика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот