Танги Ндомбеле доаѓа на позајмица во Наполи/Фото: EPA-EFE/Laurence Griffiths/POOL

Ндомбеле ќе биде новиот соиграч на Елмас во Наполи

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Танги Ндомбеле в четврток ќе ги има лекарските прегледи во Наполи, пренесува италијанскиот „Скај“.

Двете екипи водеа разговори за позајмица на Французинот со кој Тотенхем го урна клупскиот рекорд, односно за неговите услиги беа исплатени 63 милиони фунти доаѓајќи од Лион.

Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одлично започна во новата сезона во Серија А со триумфот над Верона (2:5), а сега се очекува да добие засилување од Тотенхем.

За премиерлигашот досега одигра 91 натпревар, постигна вкупно 10 голови и запиша 11 асистенции.

Според новинарот Фабрицио Романо се очекува фудбалерот дојде во Неапол на едногодишна позајмица вредна еден милиони евра, а потоа комплетниот трансфер би вклучувал опција за откуп на играчот за 30 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот