НБА: „Ракетите“ без одговор за чудесниот Дончиќ! (ВИДЕО)

Далас во „Тојота“ Центар како гостин беше подобар од Хјустон со конечен резултат 123:137.

Маверикси водеа од првата минута, со тројки ги „уништуваа“ Харден и друштво, па на паузата имаа дури „плус 18“ предност (60:78).

И во вториот дел одлична игра на Лука Дончиќ и неговите тимски колеги, „ракетите“ немаа одговор на нивната игра и на крајот стигнаа до нов триумф.

Дончиќ мечот го заврши со „дабл-дабл“ учинок од 41 поен и 10 асистенции, а Тим Хардавеј запиша 31. На спротивната страна Џејмс Харден забележа 32 поени и 11 асистенции.

НБА, резултати –

Хјустон Рокетс-Далас Маверикс 123:137
Њујорк Никс-Бруклин Нетс 101:103
Вашингтон Визардс-Сакраменто Кингс 106:113
Денвер Нагетс-Феникс Санс 116:104
Лос Анџелес Клиперс-Њу Орлеанс Пеликанс 134:109

Западна конференција:
1.Лос Анџелес Лејкерс 14-2
2.Денвер Нагетс 12-3
3.Лос Анџелес Клиперс 12-5

Источна конференција:
1.Милвоки Бакс 13-3
2.Торонто Репторс 11-4
3.Бостон Селтикс 11-4

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот