Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

НБА: Оклахома ја запиша втората победа над Минесота во финалето на Западот
Кошаркарите на Оклахома поведоа со 2:0 против Минесота во финалето на плеј-офот во Западната конференција на НБА лигата, откако синоќа победија дома со 118:103.
Препорачано
Најефикасен играч за Оклахома беше Шеј Гилџес-Александер со 38 поени, осум асистенции и три украдени топки. Џејлен Вилијамс додаде 26 поени, 10 скокови и пет асистенции, додека Чет Холмгрен постигна 22 поени.
Прв стрелец за Минесота беше Ентони Едвардс со 32 поени, девет скокови и шест асистенции. Џејден МекДениелс додаде 22 поени, додека Никел Александар-Вокер постигна 17 поени.
Комесарот на НБА, Адам Силвер, му ја додели на Гилџес-Александер наградата за најкорисен играч (МВП) во НБА за сезоната 2024/25 пред почетокот на натпреварот.
Победник во серијата е тимот што прв ќе забележи четири победи, а следниот натпревар е закажан за ноќта помеѓу сабота и недела во Минеаполис.
Победникот од оваа серија ќе игра во финалето на НБА плеј-офот против победникот на Истокот од дуелот помеѓу Индијана и Њујорк, каде Пејсерс водат моментно со 1:0 во серијата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
44мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5