НБА легенда предизвика скандал: Да можев да удрам жена, сега би те…

Еден од најдобрите 50 кошаркари во историјата на НБА лигата и членот на оригиналниот „дрим-тим“, Чарлс Баркли (56) предизвика сексистички скандал. Ова го тврди новинарката на сајтот „Аксиос“, Алекси МекКамонд.

Таа пред Твитер го обвини дека Баркли и рекол: „не удирам жени, но да можев, ќе те удрев“. Откако новинарката му приговорила, Баркли е рекол дека „не може да поднесе шега“.

Инцидентот се случил откако новинарката го прашала членот на куќата на славните на НБА, кој демократски кандидат го поддржува во трката за претседател на САД.

– Зборуваше дека му се допаѓа Девал Патрик, а кога му пријде член од тимот на друг кандидат, Пит Бутиџиега веднаш го смени мислењето и рече дека го поддржува него. Го потсетив дека претходно кажа дека го поддржува Девал – ја објасни Алекси причината за инцидентот со Чарлс Баркли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот