Фото: Wikimedia Commons

Науката има објаснување зошто сирењето има подобар вкус кога ќе се растопи

„Истражувачите од Јејл проучувале како нашиот централен нервен систем реагира на мрсна храна“, изјави д-р Ина Хусаин за „Вел+Гуд“ (Well+Good).

Таа мисли дека поради еволуцијата или наученото однесување, мрсната, висококалорична храна е она што им се допаѓа на нашите рецептори за вкус.

Кога го растопуваме сирењето (кашкавалот), маснотиите заробени во неговата цврста структура на млечните протеини се ослободуваат, создавајќи ја саканата кремаста текстура. Меѓутоа, некои сирења не треба премногу да се загреваат, мора да го одредите точниот сооднос на топлината и сирењето.

Сите сирења нема исто да се растопат и тоа се сведува на нивните составни делови, главно односот на лактозата кон мастите и протеините. Сирењата со поголема содржина на маснотии ќе бидат помазни и покремасти, додека различните бактерии можат да го променат вкусот.

Клучен елемент е и пХ, особено кога се одлучува за најдобриот начин на приготвување на сирењето за топење, а Американското хемиско друштво составило објаснување кое може да помогне сирењето да се подготви на најдобриот начин.

Загревањето на сирењето не само што ги ослободува мастите, туку ослободува и аминокиселини како глутамат кои имаат вкусен умами вкус, што ќе го препознаете ако сте љубител на МСГ (мононатриум глутамат) – како што би требало да бидеме сите.

Додадете го на тоа и фактот дека покремастата конзистентност веројатно порамномерно ги покрива пупките на вкусот и ќе доживеете ново искуство кое вклучува фантастичен поинтензивен вкус на растопено сирење во споредба со студената алтернатива.

Промената во текстурата се должи на протеинот наречен казеин, кој е клучен за правење сирење. Се верува дека речиси секое животинско млеко со казеин може да стане сирење, пренесува „ИФЛ саенс“ (IFL Science).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот