Научници од САД направија маска која ќе покажува дали личноста има Ковид-19

Научници од Универзитетот Харвард заедно со Технолошкиот Институт на Масачусетс направија заштитна маска со чија помош на размер од 90 метри може да утврди дали лицето со кое сте во контакт е заразен со Ковид-19, изветија од Институтот.

Во маските се вградени еднократни сензори кои можат да се вградат и во други маски за лице, а можат да откриваат и други вируси.

Сместени се во внатрешната страна на маските и така можат да откријат вирусни честички во здивот и се дизајнирани така што корисникот може да ги активира кога е спремен за проверка.

Резултатите се за заштита на приватноста, покажувајќи ги само на внатрешната страна на маската.
Развојот на сензорите во новите маски започна уште пред неколку години. Порано се користеа за откривање на инфекции на вирусите како ебола и зика.

„Овој тест е осетлив подеднакво како и златно стандардниот, ПСР-тест, но брз е како антигенскиот тест кој се употребува за брза анализа на Ковид-19“ изјави истражувач од Универзитетот на Харвард, Питер Енгујен.

Истражувачите побараа патент за новата технологија и се надеваат на соработка со компаниите на понатамошни развивања на сензорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот