
Научници објавија детален запис за последното магнетско поместување на Земјата
Последната промена е именувана како геомагнетска промена „Matuyama-Brunhes“ по ко-истражувачите Бернард Брунх – францускиот геофизичар и Мотонори Матјуама – јапонски геофизичар
На секои 200.000 до 300.000 години магнетните полови на Земјата се поместуваат односно „се враќаат назад“.
Препорачано
Дали она што некогаш било северен пол, може да стане јужен и обратно? Иако последната промена е одамна помината, научниците успееја да направат подетален преглед на она што се случило.
Од некоја причина, половите остануваат ориентирани на начинот на кој се сега околу ¾ од милион години.
Студијата за магнетното поле на Земјата се нарекува палеомагнетизам. Тоа вклучува проучување на карпи и седименти, а понекогаш и археолошки материјали. Карпите што се стопиле со текот на времето, сепак задржуваат запис за магнетното поле на Земјата при нивното зацврстување.
Магнетостратиграфијата е наука што го проучува записот за геомагнетни промени што ги содржат тие карпи. Со истражување на карпите, научниците можат да конструираат временска рамка за пресвртите на Земјата.
Последната промена е именувана како геомагнетска промена „Matuyama-Brunhes“ по ко-истражувачите Бернард Брунх – францускиот геофизичар и Мотонори Матјуама – јапонски геофизичар. Во нивното истражување тие се обидувале да разберат кога точно се случило и колку време траела оваа појава.
Новата научна студија е насловена „A full sequence of the Matuyama-Brunhes geometrical reversal in the Chiba composite section, Central Japan“. Главен автор е Јуки Ханеда, истражувач на проекти од Националниот институт за поларно истражување и постдокторант – научник и соработник на Националниот институт за напредна индустриска наука и технологија во Јапонија.
Целиот труд е објавен и може да го прочитате во списанието „Progress in Earth and Planetary Since“.
Протоците на лава се сигурен индикатор за ориентацијата и разбирање на магнетното поле на Земјата во моментот кога лавата се зацврстува.
„Сепак, лавата не може да обезбеди континуирани палеомагнетни записи поради природата на спорадични ерупции“, објаснува Хенеда во соопштението за јавноста. Подобар запис може да се најде во некои наслаги на седименти, кои се формираат подолг временски период, како во Џиба, Јапонија.
„Во оваа студија, собравме нови примероци и спроведовме палео и карпесто магнетни анализи на примероци од композитниот дел Чиба во Јапонија, за да ја реконструираме целосната низа на геомагнетската промена“, рече Ханеда.
Композитниот дел Чиба е значаен по добро сочуваниот полен и морските микро и макро фосили. Исто така таму биле откриени и остатоци од тефра – фрагментен материјал произведен од вулкански ерупции, кој обично се нарекува „вулканска пепел“.
Со тоа се потврдува фактот дека Чиба ја обезбедува најсигурната хроностратиграфска рамка за временскиот период околу последниот пресврт.
Прашањето што се поставува е каков ефект имаат тие? Некои истражувачи се прашуваа дали магнетните промени придонесуваат за климатските промени. Додека доказите не се никаде приложени, некои научници претпоставуваат дека магнетните промени можат да играат многу важна улога за моменталната состојба на нашата планета.
Истражувања спроведени во 2016 година велат дека магнетските промени се во корелација со значајни климатски настани. Каков ефект имаат магнетните промени врз животните исто така останува неодговорено прашање.

Многу животни како китови, птици и морски желки имаат миграциски патувања. Постојат докази дека соларните бури, со сета своја магнетна активност, можат да создадат конфузија за китовите кои мигрираат, па дури и да ги одведат до самите плажи.
За време на магнетните промени, заштитниот ефект на магнетното поле на Земјата е намален а со тоа сончевото зрачење може да ги доведе во опасност животните на ист начин како што сончевата бура. Сепак, доказите за оваа проблематика не се разјаснети.
Животот на Земјата има преживеано многу геомагнетни промени. Иако современиот човек сè уште не се соочил со тоа, не се знае следното магнетно поместување каков ефект би имало врз нашите системи за напојување и комуникација, вклучувајќи ги и сателитите.