Фото: Pexels

Научниците од Харвард: Најмногу срцеви удари се случуваат во РЕМ-фазата на сонот

Најмногу срцеви удари се бележат во утринските часови, особено во последната, т.н. РЕМ-фаза на спиењето, според научниците од Харвард.

РЕМ-спиењето, односно „рапидно мрдање на очите“, е фазата во којашто двете очи синхронизирано и брзо се движат при што активноста на автономниот нервен систем е нерегулиран и забрзан.

Новите сознанија и податоци покажуваат дека 40 отсто од сите срцеви удари воопшто се случуваат меѓу шест часот наутро и пладнето, а првите три часа по будењето ризикот од срцев удар е тројно зголемен. Научниците тоа го објаснуваат со присуството на голем број фактори поврзани со зголемената активност на автономниот нервен систем коишто доведуваат до стегање на крвните садови и зголемено трошење кислород во телото во утринските часови, што предизвикува и намалено снабдување на срцето со кислород.

Исто така, наутро се зголемуваат и опасностите за појава на згрутчување на крвта, што дополнително ја отежнува циркулацијата и може да го зголеми ризикот од мозочен удар, пишува „Стетоскоп“ (Stethoscope).

Сите овие фактори не претставуваат голема закана за здравите луѓе, но може да бидат ризични за луѓето со атеросклероза.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот